Пари што се примаат автоматски.
Купувачот плаќа со QR код од апликацијата на својата банка, парите за неколку секунди се на сметката на трговецот, а касата или машината веднаш знае дека е платено.
Награди од над 8.000 денари.
Шест награди од бизниси од Битола. Гласај за КЕШМАТ, следи го @cafe_tigre и пријави се. Добитниците ги избираме по 24 ноември.
Учествувај




Кешот чини, а нема контрола.
Повеќето мали бизниси кај нас уште работат главно со готовина. Тоа чини повеќе отколку што изгледа.
Кешот одзема време
Секој ден мора да се брои, чува и носи во банка, а лесно се губи или краде.
Нема преглед
Газдата не знае точно колку заработил додека не изброи на крајот од денот.
Самопослужните машини
Перални и автомати бараат ситни пари, често се расипуваат и мора постојано да се празнат.
Македонија влегува во инстант плаќањата.
Народната банка, со Банката на Италија, го воведува TIPS Clone. Парите ќе одат од сметка на сметка за неколку секунди, 24 часа секој ден, а подоцна и во евра низ регионот.
- Според Банката на Италија, Македонија се очекува да се приклучи во ноември 2026.
- Гувернерот најави дека по првата фаза доаѓаат плаќањата на продажни места и со QR код.
- Касите и машините уште немаат начин сами да дознаат дека е платено. Тоа е нашиот дел.
Извори: Банка на Италија, Народна банка, Експрес.
Секој добива нешто.
Банката ги носи парите, а КЕШМАТ се грижи сè друго да се случи само.
Искрено, чекор по чекор.
Секој глас нè носи поблиску до финалето.
Гласањето на „Средношколец милионер“ трае до 24 ноември. Трае десет секунди, а за нас значи многу.